За авторот

snezana-bilko-slikaСнежана Билко

Мотивациски Говорник

 

 

 

 

 

Родена сум на 31.12.1978 во Охрид.

Од својата 10-та година живеам во Скопје.

Од 2008-ма година го открив кај себе поривот дека сакам да пишувам.

Од 2013-та година го отворив својот прв блог: princessbilko.blogspot.mk каде со огромна љубов ги објавував своите текстови.

Од 2012та до 2016та бев автор на интервјуа со познати и истакнати личности од македонската културна сцена на еден познат македонски веб портал. Во овие интервјуа моите разговори со гостите беа на едно духовно ниво каде се обидував со свои прашања да го извлечам духовното, човечкото од нив, нивните размислувања и ставови околу одредени животни начела и норми како и нивното искуство околу нивниот постигнат успех во приватниот и деловниот живот. На секое мое интервју пристапував со огромна радост и љубов и ги работев со голема желба како би можела да го извадам од нив најсуштинското за да успеам да ја доближам нивната душа на пошироката читателска јавност. Во исто време се обидував овие интервјуа да бидат и од едукативен карактер за  читателите да имаат можност да попримат и научат одредени правила за успех од моите соговорници.

Од 2014-та година почна моето Вортекс патување кога за прв пат се сретнав со Вортекс и Законот на Привлекување. Се започна со книгата ,,Тајна,, и истоимениот документарен филм. После долго истражување од моја страна околу овој Закон на привлекување и Вортекс се сретнав и со големата Ester Hiks која е учесник во филмот Тајна, и која е автор на многу бестселери за Вортекс и Законот на Привлекување. Освен од Ester Hiks, учев и од многу други големи учители како што се: Bob Proctor, Lisa NIcols, Neale Donald Walsh и многу други.

Без нималку план и помисла, моите текстови на мојот блог почнаа да добиваат една сосема друга димензија. Главна инспирација во сите мои идни текстови ми беше Вортекс и Законот на Привлекување.

Почнав да учествувам во повеќе онлајн семинари – ,,вебинари,, и работилници кои беа поврзани со Вортекс и Законот на Привлекување, а кои беа организирани од познати Мотивациски Говорници од Балканот.

Почнав да ги применувам методите во Вортекс и Законот на привлекување и после кратко време почувствував огромни и значајни промени во својот живот. Секојдневно ги правев методите кои се применливи во Вортекс: медитации, афирмации, заблагодарувања и секако визуализации.

Почувствував дека она кое јас го доживеав, имам потреба да го споделам со луѓето. Со оние луѓе кои се без мотивација, без желба, оние кои се препуштаат на негативните мисли и оние кои се соочуваат со најразлични проблеми-контрасти во нивните животи, а кои не умеат да се справат со истите.

На својот приватен ФБ профил почнав да споделувам мисли, мотивациски видеа и мотивациски пораки. Кај мене се јави голема желба да се обидам да им помогнам на луѓето со своето знаење и искуство да се освестат и да почнат да работат на себеси и на своите мисли.

Најголемата манифестација од Вортекс кај мене, во мојот живот, применувајќи ги методите во Вортекс, беше мојот прв Вортекс Семинар кој го одржав во Скопје на 5-ти јуни во Конференциската Сала на ,,Фродем,, во Старата Чаршија, на кој јас со огромна љубов и секако голем труд му пристапив. Со овој мој прв успешен семинар и ова мое прво успешно предавање, го исполнив својот сон, а тоа е да стојам на говорница, да бидам мотивациски говорник и да ги пренеснам своите знаења и искуства од и за Законот на Привлекување.

На 31.08.2016 го направив и својот втор успешен Вортекс Семинар и предавање за Законот на Привлекување во мојот роден град Охрид. Овој Семинар го одржав во Конференциската Сала на Хотел Милениум. Со ова мое претставување во својот роден град, имав за цел да им го доближам Вортекс и Законот на привлекување како и да се обидам да им влијаам и да ги поттикнам присутните гости, да започнат да работат на себе како би го подобриле својот живот.

Моето Вортекс патување продолжува…

На 15.10.2016 се одржа и мојот прв Хуманитарен Вортекс Семинар под името ,,Од Срце за Јована – Биди во Вортекс,, во Конференциската Сала на Public Room. Овој Хуманитарен Вортекс Семинар е исто така моја манифестација според моја визуализација од Вортекс. На овој Хуманитерен Семинар сите заедно направивме едно добро хумано дело со тоа што се собраа средства за еден млад живот, за Јована Ивановска која е на возраст од 15 години, која има тешка дијагноза и која е моментално на лекување во Италија. Со симболична цена од 200ден за билет, посетителите можеа да дојдат, да присуствуваат на еден едукативен евент, евент кој ќе ги поттикне на размислување дека потребно е да почнат да работат на себе, да се разбудат, и да слушнат за Вортекс и Законот на привлекување, за методите околу овој Закон и нивната примена.

Овој Семинар го подговтвував со особена радост и љубов бидејќи знаев дека правам едно добро и хумано дело во рамките на моите можности. Во овој Семинар наратор беше Нора Шаќири, а свое учество зеде и Елена Вишка која ги интерпретираше текстовите кои беа дел од овој настан.

Од неодамна започна и мојата соработка на која особено се радувам со Елена Антоновска Едизер која е сопственичка на  Lux Integra – Coaching and Self Development Center.

Бидејќи ги следам и се трудам да присуствувам на тековните Семинари и Предавања поврзани со Вортекс и Законот на Привлекување на големи мотивациски Светски говорници кои гостуваат на Балканот, како би се стекнала со се поголемо знаење, би сакала да го најавам и моето учество на кое особено се радувам во Белград на 05.11.2016 на најголемиот мајстор и учител на Законот на Привлекување –  Боб Проктор кој беше учесник во филмот и во истоимената книга ,,Тајна,,.

До следното ажурирање на автобиографијата