За Вортекс

Што е ВОРТЕКС?

Многумина кои се занимаваат со практицирање на Законот на привлекување можат да го сретнат зборот Вортекс.

,,Ние сме дојдени на овој свет да бидеме креатори. Ние сме креатори, само што некој е свесен, а некој е несвесен креатор. Постои нешто што се вика Закон на привлекување. Тоа е закон потполно ист како и многу други во Универзумот, кои функционираат, меѓутоа за Законот на привлекување не не имаат многу учено.

Што е Вортекс и каква врска има со законот на привлекување?

Пред се ние сме вибрациски битија, ние вибрираме, ние сме енергија, се околу нас е енергија.

Тоа е прво што мораме да го знаеме.

Зошто е тоа важно? Затоа што со својата вибрација привлекуваме одредени работи во животот, луѓе, настани и се останато.

Вортекс е всушност вртлог на една позитивна енергија која се наоѓа на една друга димензија која ние не ја гледаме бидејќи ние сме физички битија. Тука се наоѓаат сите наши соништа, нашите желби, нашето нефизичко (духовно) јас, една прекрасна ,,поинаква,, реалност.

Бидејќи сме ние енергија, ние сме и нефизички (духовни) битија, но нефизички битија во физичко битие. Значи, продолжеток сме на нефизичкото битие. Како функционихра животот и каква врска има Вортекс?

Постои нешто што се вика контраст, а него го дефинираме како нешто лошо, работи кои не ни се допаѓаат. Но животот без контраст не е возможен бидејќи контрастот ни е потребен за да испратиме се она кое сакаме да го имаме во Вортекс.

Бидејќи во Вортекс се наоѓа нашиот прекрасен партнер, нашето здравје, нашата финансиска ситуација, нашето совршено тело, нашата прекрасна работа. Тоа не би можеле да го ставиме во Вортекс доколку ниту еднаш сме немале лош партнер, не сме биле задоволни со себеси, сме биле без финансиски средства.

Контрастот е нужен. Кога ќе се случи контраст, вие сте ги испратиле во Вортекс вашите желби, вашето нефизичко јас е во Вортекс и тоа го има сето тоа и вам само ви се обраќа дојди во Вортекс привлечи ги работите од Вортекс во својот физички живот.

Како ви го говори сето тоа? Преку емоциите. Преку емоциите ви кажува дека сте на добар пат, дека сте на лош пат, дека сте скршнале од патот, дека не ти се приближува тоа што го сакаш.

Емоциите се наш водич и нашиот разговор со нашето нефизичко битие, нашето духовно битие. Кога се чувствувате добро работите од вашиот Вортекс ви доаѓаат.

Да бидете во Вортекс значи да бидете среќни.

Ние се што посакуваме, посакуваме за да бидеме среќни. Запрашајте се зошто сакате автомобил. Зошто сакате партнер, зошто сакате пари. Бидејќи така мислите дека на тој начин ќе бидете среќни. Вашето нефизичко битие ви говори бидете среќни. Најпрвин бидете среќни за да ви пристигне сето она кое го посакувате.

Најбрзите манифестации ќе почнат да ви доаѓаат кога ќе сте среќни.

Сватете, разберете дека не ви се потребни материјалните нешта за да бидете среќни. Кога ќе знаете како функционира Универзумот, тогаш ќе добиете се. Бидејќи тој автомобил повеќе не ви е ни важен. На вибрација сте на среќата каде што е тој автомобил и тој автомобил ќе ви пристигне. Кога сте заљубени, во животот ви доаѓа партнер бидејќи повеќе не ви е важно да бидете заљубени и затоа тој тогаш ќе ви се појави.

Вортекс е вртлогот на енергијата во кој се наоѓаат сите ваши желби и сите ваши соништа.

Тука сме на овој Свет за да бидеме среќни, задоволни и исполнети со помош на нашето нефизичко, духовно Јас, со помош на Бог, со помош на душата, ангелите, Универзумот како и да сакате наречете го кој низ нашите емоции ни говори дали сме на добар пат или не го привлекуваме тоа што го сакаме.