За bidivovortex.mk

Bidivovortex.mk е првиот мотивациски портал во Македонија.

Идеата и замислата за правење на еден Веб портал од ваков тип е потребата на читателите да им се крене свесноста за моќта на нивниот ум. Живеејќи во ова тешко време и тешки услови, луѓето дозволуваат да паднат духовно и да доживеат падови во нивните животи кои оставаат длабоки траги и им претставуваат огромна препрека за понатамошното секојдневно животно функционирање.

На овој веб портал читателите ќе ја имаат таа можност да се сретнат со најразлични содржини околу мотивација, околу законот на привлекување, методите во Вортекс, како и најразлични содржини од најголемите мотивациски говорници од Светот на едно место.

Многу луѓе во последно време се будат и осознаваат дека се е до нив самите и дека е потребно да работат на самите себе за понатаму да доживеат манифестации во нивните животи со кои ќе им се подобри нивниот живот.

Главната идеја и замисла на порталот bidivovortex.mk е на пошироката читателска јавност да им се доближи Законот на Привлекување и Вортекс како и да делува мотивирачки на читателската публика.

Веб порталот bidivovortex.mk ќе се обидува и да ги мотивира читателите, да зрачи со позитивна енергија и порака кон луѓето, како луѓето да имаат добри мисли, да прават добри дела, да бидат благодарни и да сфатат дека се е до нив самите и се е до нивната мисла.

 

Автор:

Снежана Билко

Мотивациски Говорник